И покрај руските закани, украински товарни бродови пловат низ Црното Море
Два товарни брода испловија од Украина и покрај руските закани и се наоѓаат во Црното Море, во водите под контрола на земјите-членки на НАТО, соопштија денеска украинските поморски власти.
Бродот „Ана-Тереза“, кој превезува 56.000 тони свинско железо, го напушти украинското пристаниште Јужни во петокот и сега е блиску до бугарските територијални води, изјави украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков.

Од истото пристаниште во петокот тргна уште еден брод со 172.000 тони концентрат на железна руда. Тој брод денеска малку пред пладне пристигна во романското црноморско пристаниште Констанца, пренесува Бета.
Двата брода пловеа низ привремен коридор за цивилни бродови од украинските пристаништа на Црното Море до Босфорот, објави Кубраков на социјалната мрежа X, (поранешен Твитер). Коридорот минува долж западниот брег на Црното Море, избегнувајќи ги меѓународните води и наместо тоа ги користи оние што ги контролираат членките на НАТО, Романија и Бугарија.
Тие се третиот и четвртиот брод што го користат привремениот коридор што го воспостави украинската влада откако Русија го раскина договорот за извоз на жито, кој имаше за цел да обезбеди безбеден поморски транспорт на жито од Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…