И по Груби – Изет: Имаме договор со Мицкоски – прв вицепремиер ќе постои, Балансерот ќе се замени со закон за правична застапеност
За разлика од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Алекасандер Николовски, кој изјави дека ќе се укине функцијата прв вицепремиер, неговиот коалициски партнер, лидерот на Демократското движење, Изет Меџити вели: „Имаме договор со мандатарот Мицкоски, заменик/прв премиер ќе постои и ќе бидам јас!“
-Како ВЛЕН имаме договор со мандатарот или со идниот премиер да имаме прв вицепремиер, изјави Меџити.
Со измените и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија (Сл. весник на РМ бр. 215/2020), се воведе функцијата „Прв вицепремиер“.
Идниот вицепремиер и министер за екологија Изет Меџити на промотивната конвенција на вработените во извршната власт вети дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност.
– Балансерот ќе биде заменет со законот за правична застапеност. Со ова, застапеноста ќе стане законска обврска, рече Меџити.
Укинување на балансерот е и дел од владината програма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…