И по хаваријата, „Оушн гејт“ рекламира патувања до потонатиот “Титаник”

t

Една недела од хаваријата на малата подморница „Титан“, во која загинаа петмина патници, компанијата која го организираше спуштањето до трупот на потонатиот брод „Титаник“, „Оушн гејт“, и натаму ги рекламира идните патувања, достапни по многу високи цени, на својата веб-страница.

Како што пренесе „Инсајдер“, за 2024 година се планирани две екскурзии во јуни, по цена од 250.000 долари по човек. Ова вклучува нуркање, приватно сместување, сета потребна обука, опрема за експедиција и сите оброци додека патниците се во подморницата, според актуелните информации на страницата. Дозволено е да патуваат најмногу шестмина, а минималната возраст е 17 години.

Според веб-страницата, сместувањето вклучува кабина како спална и една заедничка бања. Подморницата обезбедува и бежичен сигнал за интернет. Заедно со овие детали, веб-страницата продолжува да споделува слики од сцени од експедицијата, како и видеа од луѓе кои ги споделуваат своите искуства.

„Смелите патници ќе отпловат од канадскиот брег на Атлантикот во осумдневна експедиција за да ја нурнат иконата потоната што се наоѓа на 380 милји од брегот и 3.800 метри под површината“, се вели на веб-страницата на „Оушн гејт“ .

По трагедијата се појавија многу информации и полемики за подморницата и „Оушн гејт“ , а една од нив е дека извршниот директор на оваа компанија, Стоктон Раш, кој и самиот го загуби животот во несреќата, измамил едно семејство за повеќе од 200.000 долари.

Исто така, американскиот режисер Џејмс Камерон, кој го режираше филмот „Титаник“, за што десетици пати се спуштил до трупот на потонатиот брод, го критикуваше слабиот фокус на безбедноста во турите што ги организирала „Оушн гејт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…

Ди Цајт: Победа на Русија ќе значи…

Русија не треба да ја добие војната…

Путин: Земјите од “златната милијарда” го експлоатираат…

Современите кредитни односи се организирани на тој…