И Путин како Трамп: Твитер со рестрикции за рускиот претседател и 300 профили на лица од власта

t

Твитер ја ограничи содржина на повеќе од 300 официјални профили на претставници на руската влада, но и на оној на рускиот претседател Владимир Путин.

Со ова, содржината од профилите веќе нема да се препорачуваат во временски рамки, известувања или на друго место на страницата, соопшти Твитер.

Овие профили и претходно беа критикувани за ширење дезинформации за војната во Украина, но за разлика од твитовите од руските државни медиуми, тие претходно не беа предмет на специфично модерирање од страна на Твитер.

Твитер е строго ограничен во Русија по инвазијата на Украина.

Компанијата соопшти дека ќе преземе мерки против секоја земја која „го ограничи пристапот до отворениот интернет додека е вклучена во вооружен конфликт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…

Дали ВМРО ДПМНЕ стои зад повеќе од…

Маск се мајтапи со Фејсбук: Ако го…

Ако го читате овој пост тоа е…

Портпаролот на Фејсбук се огласи на Твитер:…

Предмалку на својот официјален Твитер профил се…

ЕУ најави истрага за Х (Твитер) на…

Платформата е обвинета за кршење на условите…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…