Објавено на:

И Путин удри метла: Сменети генерали од регионот Харков

t

Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина тврди дека поради поразот на бојното поле разрешен е генерал-полковник Роман Бердников, највисокиот руски генерал на должност во регионот Харков. Досега нема информација за ова ниту од руските институции, ниту во тамошните медиуми

Брзиот напредок на украинската армија за време на контраофанзивата во областа Харков ја принуди руската армија да се повлече кон Донбас, односно делот од регионот Доњецк кој е под контрола на руската армија.

Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина тврди дека поради поразот на бојното поле разрешен е генерал-полковник Роман Бердников, највисокиот руски генерал на должност во регионот Харков. Досега нема информација за ова ниту од руските институции, ниту во тамошните медиуми.

Порталот „Политико“ пишува дека „напорите на Кремљ да создаде блескав пропаганден наратив за војната во Украина се распаѓаат“, бидејќи популарните блогери, истражувачи, па дури и политичари блиски до Путин почнуваат да поставуваат непријатни прашања за поразот на фронтот.

Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер, во неделата ја обвини воената команда на Москва за „грешки“ во регионот Харков, каде што руските трупи набрзина беа повлечени од градовите Ижиум и Купјанск.

„Ако денес или утре нема промени во стратегијата за спроведување на специјална воена операција, ќе морам да одам кај раководството на земјата и да им ја објаснам вистинската ситуација на теренот“, – рече тој во видеото објавено на неговиот канал на Телеграм.

Како одговор на украинската контраофанзива, руските сили ги нападнаа украинските електрани во ноќта меѓу неделата и понеделникот. Според советникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, дошло до прекин на електричната енергија во регионот Харков, како и во Доњецк.

Делумно затемнување имаше и во Запорожје, Дњепропетровск и Суми. Според украинските медиуми, третина од Украина била во целосен мрак. Гувернерот на регионот Харков, Олег Синехубов, исто така изјави дека снабдувањето со електрична енергија и вода е прекинато во неколку населени центри.

Во понеделникот вечерта украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија презела речиси 6 000 квадратни километри територија од руските сили за време на контраофанзивата започната на почетокот на септември.

Од почетокот на септември нашите војници веќе ослободија 6.000 квадратни метри украинска територија на исток и југ, а ние одиме напред“, рече Зеленски во видеото објавено на социјалните мрежи.

Зеленски им се заблагодари на воените единици, со пофалви за нивната „храброст“ во операцијата што досега доведе до враќање на најголемите делови од територијата од повлекувањето на руските сили од предградијата на Киев на крајот на март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…