И Рама бара КФОР да ја преземе контролата во Косово!
Албанскиот премиер Еди Рама го повика КФОР да ја преземе контролата врз северот на Косово и оцени дека треба да се смени форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Тој рече и дека основа за идните разговори за нормализација на односите треба да биде француско-германскиот план. Рама на прес-конференцијата оцени дека треба да се промени форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, според него, треба да се подигне на ниво на конференција.
-Истовремено Европската унија и евроатлантската заедница треба да бидат претставени на највисоко ниво, а Франција и Германија на ниво на претседател и канцелар.
Рама е на мислење дека основа за идните разговори за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина треба да биде француско-германскиот план, пишува Албаниан Дејли Њуз.
-Сегашниот формат каде што се среќаваат двајца нема што да понуди повеќе во новата ситуација, а КФОР мора да ја преземе контролата врз северот на Косово, заклучи Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…