И републиканците го подбраа Трамп по изјавите за НАТО: Не е подобен за претседател!
Провокациите на американскиот екс-претседател Доналд Трамп со изјави за НАТО предизвикаа критики и кај Републиканците. Критичарот Кристи во него гледа национален безбедносен ризик, а осуда изрази и Белата куќа.
Крис Кристи, поранешен републикански гувернер на Њу Џерси и во меѓувреме етаблиран критичар на Трамп, во поранешниот американски претседател гледа национален безбедносен ризик. „Тој не е подобен за функцијата претседател на САД. Се разбира, правилно е на членка на НАТО да ѝ се каже дека мора да ги плаќа своите придонеси за Алијансата. Но, проблемот на Доналд Трамп е што тој не знае да запре тука. Тој мора да дополни дека ќе ја охрабри Русија да прави по ѓаволите што сака“, изјави Кристи за ТВ Ен-Би-С.
Републиканската претендентка за претседателската функција и поранешна амбасадорка во ОН, Ники Хејли, исто така остро го критикуваше својот ривал. „Јас постојано имав работа со Русија. Последно што би сакала е да се ставиме на страната на Русија. Постојано мораме да се потсетуваме – на Америка ѝ се потребни пријатели“, изјави Хејли за Си-Би-Ес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…