Објавено на:

И републиканците го подбраа Трамп по изјавите за НАТО: Не е подобен за претседател!

t

Провокациите на американскиот екс-претседател Доналд Трамп со изјави за НАТО предизвикаа критики и кај Републиканците. Критичарот Кристи во него гледа национален безбедносен ризик, а осуда изрази и Белата куќа.

Крис Кристи, поранешен републикански гувернер на Њу Џерси и во меѓувреме етаблиран критичар на Трамп, во поранешниот американски претседател гледа национален безбедносен ризик. „Тој не е подобен за функцијата претседател на САД. Се разбира, правилно е на членка на НАТО да ѝ се каже дека мора да ги плаќа своите придонеси за Алијансата. Но,  проблемот на Доналд Трамп  е што тој не знае да запре тука. Тој мора да дополни дека ќе ја охрабри Русија да прави по ѓаволите што сака“, изјави Кристи за ТВ Ен-Би-С.

Републиканската претендентка за претседателската функција и поранешна амбасадорка во ОН, Ники Хејли, исто така остро го критикуваше својот ривал. „Јас постојано имав работа со Русија. Последно што би сакала е да се ставиме на страната на Русија. Постојано мораме да се потсетуваме –  на Америка ѝ се потребни пријатели“, изјави Хејли за Си-Би-Ес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…