И Рокас не исклучи дека НЕКОЈА ЧЛЕНКА МОЖЕ ДА НÉ БЛОКИРА И ВО ПРЕГОВОРИТЕ
Евроамбасадорот Рокас не ја исклучи можноста некоја земја членка да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, дури и ако се спроведат уставните измени.
-Знаеме дека во пристапните преговори некоја земја членка може да нè изненади со нешто што не сме го предвиделе. Веќе гледаме што се случува меѓу Хрватска и Црна Гора, рече меѓу другото шефот на Делегацијата на ЕУ, Михалис Рокас во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, одговараќји на прашање што ако Бугарија реши да стави ново вето поради несогласување во Историската комисија.
Рокас рече дека не сака да шпекулира, но дека треба да се вложи напор.
– Лично сум уверен дека ако има напредок во важните прашања за усогласувањето со ЕУ, во борбата против корупцијата, во владеењето на правото и во реформите, и ако ги имаме отворено пристапните преговори, тогаш ќе го имаме потребниот замав. Ако истовремено се негуваат добрососедските односи и предвидените комисии работат јасно, решително, посветено и конструктивно, јас лично верувам дека нема од што да се стравува. Но, како што веќе реков, со „ако“ и „но“ не напредуваме. Многу добро знаеме каква е ситуацијата. Од наша страна има огромно разбирање и подготвеност да помогнеме и да бидеме со вас на тој пат за да може да се оди напред – рече тој.
Ова е втор „клизачи“ на Рокас за Филипче во десетина дена, првите беа кога не му одговори на прашањето „Дали СДСМ се предавници“, по што Венко фузриозно ја напушти седницата на која се разгледуваше Извештајот на ЕК.