И Саудиска Арабија се понуди да посредува за мир меѓу Русија и Украина
Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Ријад е подготвен да посредува меѓу Москва, Киев и сите страни поврзани со актуелната украинска криза.
Принцот ја повтори желбата на Саудиска Арабија да ја одржи стабилноста на нафтениот пазар и ја нагласи улогата на ОПЕК+ во одржувањето на рамнотежа, нагласувајќи дека е неопходно да се почитуваат договорите во рамки на оваа група, објавија саудиските државни медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со саудискиот престолонаследник посочил дека е неприфатливо да се политизира прашањето за глобалното снабдување со енергенси, соопшти прес-службата на Кремљ.
Како што се наведува, Путин ги претставил и основните пристапи на руската страна во контекст на „тековната специјална воена операција за заштита на Донбас“, се вели во соопштението на Кремљ.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…