И СДСМ најавува поддршка на предлог законот за здруженија именувани по фашистички соработници

t

СДСМ размислува да го поддржи законското решение на ВМРО – ДПМНЕ за здруженијата, со кое се нуди опција да се интервенира и во спорните имиња на актуелните бугарски здруженија.

Извори од владејачкото мнозинство за Канал 5 брифираат дека за законот кој го крои Министерството за правда е потребно повеќе време, а предлогот на опозицијата е сличен, во него не гледаат ништо спорно и уште в понеделник би можело да се најде пред пратениците.

За називите на здруженијата согласност ќе треба да дава Министерот за правда по претходна согласност од Комисија, предвидува предлог – законот поднесен од ВМРО – ДПМНЕ, и според истиот ќе бидат забранети имиња на фашистички соработници, а ќе може да се интервенира и кај веќе формирани. Доколку собранието го донесе Законот тогаш ќе треба да се преименуваат и веќе отворените клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“.

Во меѓувреме, за вчерашниот инцидент за искршената таблата на „Цар Борис III“ во Охрид, сторителот сам се пријавил во полиција. Извори за Канал 5 брифираат дека таблата е скршена со земјоделска алатка, која не била секира, туку најверојатно мотика или гребло. За него, може да има само приватна тужба од здружението.

„На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И. (47) од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид“, соопштија од СВР – Охрид

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир не сакаше да ги коментира формираните бугарските здружнија во земјава, бидејки како што вели не е компетентен за историски прашања.

„Оваа земја има добро досие за односите помеѓу различните заедници. Во тие односи треба да се направат напори од сите страни за да се промовира заемно разбирање и заемна почит“, рече Гир.

Додека формирањето на првите два клуба помина речиси глатко, третиот бугарски клуб „Цар Фердинанд“ засега е само во најава. Вчера од Централен регистар доби обврска за регистрацијата да добие претходна согласност од ад – хок телото за историски личности, формирано неодамна како бај пас до донесување на новата регулатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…