Објавено на:

И Словачка привремено го прекинува увозот на жито од Украина

t

Словачка привремено го стопира увозот на жито и други прехранбени производи од Украина, соопшти денеска Владата во Братислава.

Одлуката уследи откако изминатите дена Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор. Варшава забрани и транзит за украинското жито и други прехранбени производи.

Украинскиот министер за земјоделство Микола Солски денеска најави преговори во Варшава, за Полска да дозволи транзит на храна и жито преку нејзина територија. Тој, исто така, најави и разговор со Романија на 19 април, а следниот ден со Словачка.

ЕК вчера ги оцени како неприфатливи едностраните акции Полска и Унгарија, за забрана за увоз на украинско жито, потенцирајќи дека трговската политика е исклучиво во надлежност на Европска Унија.

– Свесни сме за мерките што ги објавија Полска и Унгарија за забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Во овој контекст, важно е да се нагласи дека трговската политика е исклучива надлежност на ЕУ и затоа едностраните дејствија се неприфатливи, изјави портпаролот на ЕК.

Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина минатата година, а големи количини украинско жито, поевтино од она што се произведува во ЕУ, завршија во земјите од Централна Европа поради логистичките „тесни грла“. Ова се одрази на цените и продажбата на локалните земјоделци.

Украина најголем дел од своите земјоделски производи, особено жито, ги извезува преку нејзините пристаништа на Црното Море, кои беа деблокирани во јули минатата година со договор меѓу Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…