Објавено на:

И тоа го има: Во Бугарија отворена првата Академија за овчари

t

Дали има разлика помеѓу овчар и пастир? Излегува дека има, и тоа е многу голема, и што е тоа, луѓето кои аплицираат и успешно ја завршуваат Овчарската академија можат брзо да разберат што е тоа. Излегува дека ова е професија – исклучително сложена и бара исклучително голем број на вештини.

Да, добро прочитавте, во Бугарија е отворена првата Академија за овчари. Еве што велат оттаму:

-Како се негуваат овците и козите? Ова прашање ја покренува Академијата за овчари. Нејзин основач е бизнис консултантот Ангел Тодоров, кој решил да ја создаде откако многу луѓе го прашале како да изгради бизнис модел кој ќе обезбеди финансиски профит во овчарството. Тодоров прави истражување и открива дека меѓу главните проблеми е немањето луѓе кои ги разбираат овците. И тогаш ја измислил академијата.

„И всушност академијата за овчари е дел од оваа насока – почеток на многу поголема кампања која треба да се развие во следните 5-10 години и од една страна да му даде добра егзистенција на современиот бугарски овчар да го изгради имиџот на овчарот на иднината. Односно преку оваа Академија да почнеме да создаваме вистински овчари, а не само овчари кои пушат, пијат и пцујат по полињата. Ова е моментално сликата на овчарот. И трето, да се воспостави контакт со ова вид на животно, ова е тип на животен стил привлечен за урбаниот човек, како форма на забава, одмор, едукација на децата“, посочува Ангел Тодоров од Академијата за овчари.

На Академијата, потенцијалните овчари учат да градат колиби со чекан, секира и адзе. Секако дека учат дека овците се молзат редовно, ја изучуваат и техниката.

Ова е и големата разлика помеѓу овчарот и пастирот. Првиот може да биде кој било. Тој само ги пасе овците. Вториот, сепак, има одговорност, велат од Академијата за овчари.

Извор: НОВА ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…