И Трамп руската инвазија во Украина ја нарече „геноцид“
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп ја нарече руската инвазија во Украина „геноцид“, исто како што претходно тоа го стори актуелниот претседател, Џозеф Бајден.
Трамп во изјава за Фокс њуз го критикуваше Бајден поради неговата политика, за која оцени дека довела до рекордно ниво висока инфлација.
–А, сега додадете го тоа што се случува во Украина. Тоа е геноцид, истакнал Трамп, јави „Д Хил“.
Неговиот став следува откако Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин за геноцид.
САД одбија да испратат војници во Украина, како и да воведат зона на забранети летови над земјата, но ја зголемуваат воената помош за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кошта: Хуманитарната ситуација во Газа е целосно…
„Хуманитарната ситуација во Газа е целосно неприфатлива“,…
Воениот буџет на САД надмина трилион долари
Пентагон поднесе предлог за буџет за одбрана…
Трамп: САД и Кина потпишаа трговски договор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да…
Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…
(Видео) Арсовска: Во Чаир има 13 ИЛЈАДИ…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, утрово…