И Трас како “нашите” функционери, не ја дава фотелјата: Јас сум борец кој не се откажува

t

Британската премиерка Лиз Трас изјави дека е „борец кој не се откажува“ додека се обидува повторно да воспостави авторитет над Конзервативната партија во услови на се почести медиумски извештаи дека се интензивираат повиците за нејзина смена.

Трас се обидува да собере поддршка во партијата, откако беше принудена да се откаже од планот за намалување на даноците, поради што некои конзервативни пратеници побараа нејзина смена од лидерската функција само неколку недели по преземањето на премиерската функција.

Таа призна дека нејзините радикални економски планови отишле „премногу далеку и пребрзо“ откако инвеститорите им свртеле грб на фунтата и државните обврзници.

Но, бидејќи каматните стапки растат и официјалните бројки покажуваат дека инфлацијата е највисока во последните 40 години, Трас – избрана од конзервативните пратеници со ветување дека ќе ги намали даноците и ќе ја одржи јавната потрошувачка – се соочува со битка да ја убеди јавноста и нејзината партија дека може да одговори на кризата со трошоците за живот.

Анкетите покажуваат дека конзервативците заостануваат околу 30 поени зад главната опозициска Лабуристичка партија, а нејзиниот рејтинг е катастрофален.

– Јас бев многу јасна дека се извинувам и оти направив грешка, им рече Трас на опозициските пратеници додека одговараше на прашања во парламентот. „Јас сум некој кој е подготвен да се соочи со тоа. Подготвена сум да донесам тешки одлуки“, додаде Трас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…

Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…

На британската министерка за внатрешни работи Диана…