И Турците се чувствуваат дискриминирано: Поднесени претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Вкупно шест претставки за дискриминаторско однесување по разни основи, од подносители од турска етничка националност, има во минатиов период, изјави денеска Лимко Бејзароски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Бејзароски за време на денешната регионална конференција на тема дискриминацијата врз малцинствата и нивната заштита од дискриминација, а по повод 21 декември, празник на Турците во Република Македонија, рече дека за дел од нив е утврдена дискриминација, за дел не е утврдена.
– За тие што е утврдена, поднесени се и поднесоци до прекршочниот суд. Се водат постапки. Подносители од женски пол има во делот на работни односи. Има претставки по службена должност за навреда на лице експонирано во политиката, во јавен медиум. Има предмет што се води по поднесена претставка од група граѓани за пристап до јавни добра, пристап до вода. Во тој предмет Комисијата утврди дискриминациско однесување од страна на општина и ја задолжи, во малку подолг рок, согласно законот, околу шест месеци, бидејќи се работи за поголем зафат, да обезбеди пристап до вода до турско население. Очекуваме тој рок да биде запазен. Доколку не го запазат, законот предвидува и поднесување на прекршочна пријава до надлежниот суд, појасни Бејзароски.
Тој нагласи дека треба да се охрабрат сите луѓе да пријават секаква дискриминација во општеството.
– Ние сме подготвени да постапуваме по поднесени предмети. Имаме капацитет за да делуваме. Сите треба да се чувствуваат еднакви, во остварување на правата, нагласи тој.
Регионалната конференција „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација”, е во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Фондацијата ЕКАЈ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…