И Турција со барање од Македонија: Да се протераат лица и затворат училишта поврзани со ФЕТО

t

Турција очекува Македонија да одговори на нејзините барања за екстрадиција на речиси 80 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за државен удар во Турција пред шест години, како и да затвори три училишта во Скопје, Тетово и Струга кои се поврзани со таа организација, рече турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок на прес-конференција по повод настаните од 15 јули 2016, кој во Турција се одбележува како Ден на демократија и национално единство.

-ФЕТО е терористичка организација која ѝ припаѓа на новата генерација терористички структури. За стратегија го имаше инфилтрирањето во државните институции со цел преземање на државата под контрола однатре. ФЕТО во државните институции си поставуваше свои млади припадници манипулирани низ дејствија зад превез на образовни и хуманитарни активности. ФЕТО преку своите паравански структури од областа на образованието, медиумите, банкарството и останатите области од економијата настојуваше да оформи структура во Турција и во разни странски земји. Борбата против ФЕТО во земјата и во странство во изминатите шест години беше еден од приоритетите на државата, рече турскиот амбасадор.

Турција ја продолжува и иницијативата за затворање на образовни институции поврзани со ФЕТО во странство и нивно пренесување во сопственост на Турската државна фондација МААРИФ. Како што рече, во 45 земји им е ставен крај на дејностите на образовните институции на ФЕТО, над двесте училишта во 20 земји се преземени од фондацијата МААРИФ која отвори училишта и во Македонија.

-За жал, ФЕТО е сѐ уште присутна во Северна Македонија. Постојат три училишта поврзани со ФЕТО кои зад превезот на образовни институции, дејствуваат во Скопје, Тетово и Струга. Очекуваме Северна Македонија да ги затвори овие училишта и тие да се пренесат во сопственост на фондацијата МААРИФ. Исто така и да се преземат конкретни чекори за протерување од земјата на лицата поврзани со ФЕТО. До македонските власти имаме барање за протерување и екстрадиција на близу 80 лица. Овие барања ги истакнуваме при контактите на највисоко ниво. Засега нема конкретни чекори, но тоа не значи дека за нас таа тема е затворена. Минатата година при поставување пратенички прашања до Владата беше поставено конкретно прашање на кое добивме писмен одговор што не беше задоволителен и беше полн со сиви зони. Можеби треба да се постави прашањето дали властите на Северна Македонија сакаат сериозно да се посветат на ова прашање и дали има конкретни пречки за тоа. Имаме исклучителни билатерални односи помеѓу нашите земји и затоа сметам дека и македонската страна треба да ја има предвид сензитивноста на темата и меѓународните обврски што ја тангираат. Очекуваме соработка од сите земји во насока на борба со секаков вид тероризам, истакна амбасадорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…