И штипската фирма „Актива“ доби пристап до НАТО пазарот

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска ја посети штипската фирма „Актива“, која од февруари е сертифицирана за да може да конкурира и да учествува во тендери на НАТО пазарот. „Актива“ е една од 44 компании во државата кои добиваат пристап до НАТО пазарот.

„Особено ми е задоволство и сум воодушевена од она што денеска го видов во производствените капацитети на оваа компанија и ми е чест што од 28 февруари оваа компанија е сертифицирана и може да учествува на НАТО пазарот“, изјави Петровска.

Таа посочи дека уште на почетокот на март имало успешна средба меѓу претставници на НАТО агенцијата за набавки и македонските компаниии, каде била презентирана можноста како нашите фирми можат да учествуваат на тендерите на НАТО, што, според неа, е одлична шанса за развој на македонскта економија.

„Првиот чекор кој компаниите го направија е веќе завршен, а тоа е процесот на регистрација, односно верификација од страна на Министерството за одбрана – дека тие имаат способност и ги исполнуваат условите да настапат на НАТО пазарот“, кажа Петровска и посочи дека наш претставник ќе биде испратен во НАТО агенцијата за набавки.

Иле Николов, сопственикот на „Актива“ – фирма која се занимава со автомобилска и метална индустрија, посочи дека со сертификатот ќе им се отвори една нова визија во нивниот производна програма, затоа што ќе можат да учествуваат и да се докажат на голем пазар. Тој вели дека покрај нивите досегашни партнери од Западот како ,,Ван Хол“, компанијата е подготвена да работи и со партнери од НАТО пазарот.

„Се надеваме дека со овој машински парк и со оваа инфраструктура што ја имаме овде ќе бидеме подготвени да учествуваме на сериозни тендери, за да добиеме сериозни нарачки и од овој потенцијален инсвеститор, мислиме дека ќе можеме да ги исполниме благовремено сите тие нарачки и нормално да бидат квалитетни согласно со стандардите кои се бараат од НАТО пазарот“, кажа Николов.

Инаку, меѓу 44 компании кои добиле ваков сертификат, се фирми од различни сектори, како градежништво, прехранбена индустрија, услуги во делот на организација на настани, транспорт, компании кои се занимаваат со трговија на нафта и нафтени деривати итн.

Петровска ги охрабри и останатите компании да аплицираат во Министерсто за одбрана за нивна регистрација на НАТО пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Петровска: Тошковски не споделил информации за вооружени…

„По службена линија не споделил. Веројатно министерот…

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше…