Објавено на:

“И шуто и боде”: Украина поставува услови за извоз на житото

t

Украина ќе го продолжи извозот на жито само кога ќе се обезбеди сопствената безбедност, изјави во вторникот секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов додека руската воена офанзива продолжува во неговата земја.

Говорејќи на националната телевизија, Данилов потсети на изјавата на украинското Министерство за надворешни работи „во која јасно се вели дека првото прашање е безбедноста, второто прашање е безбедноста, третото прашање е безбедноста“.

„Ако ова прашање не се реши и не се обезбеди безбедноста на нашата земја, житото никаде нема да оди. Затоа што за нас прашањето на безбедноста е приоритет број еден“, изјави Данилов, без да прецизира што точно подразбира под терминот „безбедност“.

Во исто време, тој тврди дека „ова прашање е под контрола“ и јасно стави до знаење дека украинските власти се сеќаваат на нивните обврски.

„Никој не сака светот да биде гладен“, нагласи тој.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за попречување на извозот на жито. Киев и неговите западни поддржувачи тврдат дека, блокирајќи ги украинските пристаништа на Црното Море, Русија ја влошува глобалната криза со храна. Москва ги отфрли таквите тврдења, велејќи дека е подготвена да обезбеди безбеден премин за бродовите што пренесуваат жито и дека прекинот произлегува од екстензивното ископување на крајбрежјето од страна на украинската војска.
Данилов ја обвини Русија дека „вештачки создава“ пречки за своја корист, за префрлање на одговорноста и за „уцена“ на Европа.

Во средата, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Украина и Западот се обидуваат да го прикажат „ситниот проблем“ со украинското жито како „универзална катастрофа“. Тој исто така тврди дека украинските власти, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, покажале неподготвеност да го започнат процесот на деблокирање на пристаништата. Лавров нагласи дека ако Киев сега е подготвен да го исчисти брегот од мини, Русија со задоволство би соработувала и дури е подготвена да даде писмени гаранции дека „нема да ја искористи оваа ситуација во интерес на тековната специјална воена операција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

Фински функционер открива: Какво е расположението за…

Идејата за испраќање трупи за поддршка во…

Нова заканувачка изјава на Медведев: НАТО нѐ…

Во случај Украина да користи ракети со…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

Блинкен: Русија ќе мора да ѝ плати…

Највисокиот американски дипломат го извести украинскиот претседател…