Кавадарци – град на културата: Ретроспективна изложба “Робусен ликовен лиризам“ на уметникот Владимир Темков – Шефе

t

Вчера, 12 април, 2023г. во Кавадарци се случи култура од најубав вид. Култура во вистинска смисла на зборот. Ликовна изложба на Владимир Темков – Шефе, пропратена со музичка забава во изведба на групата “Бадасел“.

Владимир Темков – Шефе, е ликовен уметник од Кавадарци. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје, во класата на професор Ванчо Георгиевски, а Факултет за ликовна уметност – отсек графика, дипломира во класата на проф. Д-р Трајче Блажевски. Магистарски студии – отсек сликарство, завршува на Факултет за ликовни уметности, Скопје, во класата на проф. Д-р Благоја Маневски.

Оснивач о организатор е на Меѓунѐродна ликовна колонија, Кавадарци-Михајлово, од 1996г. Организатор е и на првата ликовна колонија во 1982г. во рудникот Ржаново, с. Мрежичко, Кавадарци. Претседател е на Друштвото на ликовни уметници на Кавадарци и потпретседател на на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Добитник е на голем број домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има одржано 75 самостојни ликовни изложби, учествувал на 54 групни изложби и на 72 домашни и меѓународни ликовни колонии. Има остварено студеиски престои во Парис(2011 и 2019), Њујорк(2013) и Анкара(2014).

Ликовната изложба на Темков, ретроспективна 45 години ликовно творештво и 64 години живот се одвиваше во два дела. Првиот во галеријата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, во 19: 30 часот, а вториот дел во во Музеј галеријата Кавадарци, во 20:30 часот. Првоиот дел од изложбата ја отворија и на неа говореа, Академик Блажо Боев и директорот на Домот на културата, Јулијана Туриманџова. Вториот дел од изложбата го отвори Томе Крстев, директор на Музеј галерија, а за авторот и неговото творештво зборуваа Трајче Цветков, историчар на уметноста и Билјана Галабова, кустос. Академокот Боев за Темков се изрази како за ликовен колос, а колегите го опишаа како ликовен титан и работохолик.

Изложбата на Темков е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци.

Уметникот Темков годинава ретроспективни изложби ќе има и во Њујорк, на 25 април, Скопје, 30 мај, Истамбул, 17 јуни, Белград, 8 август и Солун, 24 септември.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…