Кавадарци се збратими со Буча! Јанчев подготвува заеднички проекти со украинскиот град
Кавадарци се збратими со Буча, еден од градовите-симболи на страдањата на Украинците во војната со Русија. Градоначалникот, Митко Јанчев, и заменик-градоначалникот на Буча, Серхиј Шепетко, денеска потпишаа документ со кој двата града се збратимуваат. Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, потсети дека Кавадарци им помогна на Украинците уште на почетокот на војната, донирајќи 600.000 денари.
„Како и многу други уништени градови во Украина, Буча се обидува да оживее, да ја обнови критичната инфраструктура. Постои потреба од обновување на станбени згради за нов живот на Украинците, кои ги преживеаја сите ужаси на руската воена машина. За да го оствариме ова, потребна ни е помош и од странските партнери и пријатели. Веќе имаме неколку заеднички проекти. Сигурна сум дека денешниот договор ќе стане нова алка во нашата соработка и ќе организираме уште многу заеднички проекти за нашите градови за заемно духовно збогатување“, рече Дир на денешната мала свеченост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Позитивни вести: Кавадарци доби принова од 7…
Во Општата болница во Кавадарци во еден…
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…
На 13.05.2026 во 17:00 часот, полициски службеници…