Кавадарчанец се шетал со нож, па им се заканувал на сограѓанин и на малолетник
Приведен е кавадарчанец кој со нож им се заканувал на сограѓанин и малолетник, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го уапсија Д.С., на возраст од 29 години. Околу 22:30 часот, тој се обидел со остар предмет да го нападне А.И., 29-годишно лице од Кавадарци, по што околу 23:10 часот во парк во градот, пред повеќе малолетници, со остар предмет се заканил на еден малолетник, појаснуваат од СВР – Велес.
Д.С. бил задржан во полициска станица, а ножот е пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, како што се истакнува, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од СВР – Велес информираат и дека вчера во 12:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги привеле С.Д., на возраст од 28 години од Неготино и Ј.Ф., 22-годишно лице од Кавадарци, затоа што на кавадаречки пазар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
– По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР – Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кавадарчанец се шетал со нож, па им…
Приведен е кавадарчанец кој со нож им…
Спијте мирно и славете Илинден: Безбедносната состојба…
Безбедносната состојба е стабилна и под контрола,…
„Само“ 15 проценти: Џабе се познаваат со…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Мицкоски тврди дека не ѝ се укажувало…
Тврдењата на обвинителката Ленче Ристоска дека два…
Го продаде и Ташмаруништа: Мицкоски за Илинден…
По повод големиот државен празник – 2…