Кавадарчанец се шетал со нож, па им се заканувал на сограѓанин и на малолетник

t

Приведен е кавадарчанец кој со нож им се заканувал на сограѓанин и малолетник, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го уапсија Д.С., на возраст од 29 години. Околу 22:30 часот, тој се обидел со остар предмет да го нападне А.И., 29-годишно лице од Кавадарци, по што околу 23:10 часот во парк во градот, пред повеќе малолетници, со остар предмет се заканил на еден малолетник, појаснуваат од СВР – Велес.

Д.С. бил задржан во полициска станица, а ножот е пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, како што се истакнува, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР – Велес информираат и дека вчера во 12:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги привеле С.Д., на возраст од 28 години од Неготино и Ј.Ф., 22-годишно лице од Кавадарци, затоа што на кавадаречки пазар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

– По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР – Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…