Мицкоски тврди дека не ѝ се укажувало на Ристоска да се повлече – „вистинската вистина“ била на Владата

t

Тврдењата на обвинителката Ленче Ристоска дека два месеца ѝ укажувале да ја повлече кандидатурата за судија во Европскиот суд за човекови прва во Стразбур за премиерот Христијан Мицкоски се нејзина вистина која не била точна, а точна била „вистинската вистина на владата“ откако Владата одлучи да не ја прифати предлог – листата на кандидати меѓу кои беа Ристоска, судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски.

– Јас нема да навлегувам во тоа што го кажуваат кандидатите, тоа е претпоставувам нивната вистина, а вистинската вистина е тоа што го кажа владата. Се формираше комплетно нова Комисија којашто ја сочинуваат, би рекол сите оние лица коишто раководат со судски и обвинителски институции. Врвни, како Врховниот суд, Уставниот суд, Кривичниот суд. Еве тие нека одлучат во следниот конкурс кој е најдобар за да нема тука изговори, вака било така било. Јас би се воздржал од било каков коментар од тоа што го кажуваат некој од кандидатите бидејќи тоа е нивната вистина, но за жал тоа не е така. Вистинската вистина е тоа што го кажува владата – вели Мицкоски.

Тој сепак не кажа кои критериуми не ги исполниле тројцата кандидати.

– Затоа што е констатирано дека не ги исполнуваат критериумите има таму во соопштението од владата, ќе се обратите, ќе ви ги објаснат – рече Мицкоски.

Владата не ја прифати предлог – листата на Комисијата за избор на кандидати за судија во Стразбур и состави нова Комисија, со нови членови кои ќе ја почнат постапката од почеток, но и од таму не образложија кои точно критериуми не ги исполниле кандидатите. Нема одговор ниту зошто предлог листата наместо до Советодавниот панел во Советот на Европа е пратена прво во Владата.

НАЈНОВО НА ESPRESO.MK

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…

На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…

ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…

Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…

„25 години живеам благодарение на твојата лесна…

Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…