Кавадарчанец ја принудувал малолетната девојка на проституција

t

Кавадарчанец бил приведен вчера бидејќи малолетната девојка ја присилувал на проституција.

-Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.К.(19) од Кавадарци. Тој се сомничи дека ја присилил неговата малолетна девојка да им дава сексуални услуги на други лица. Лицето било приведено во полициска станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера исто така, полициски службеници од ОВР Неготино ги привеле Т.А.(42) и Б.М.(24) од кривопаланечко село затоа што на бензинска пумпа во Неготино го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Принудувал малолетно девојче на проституција: Доби доживотна…

На доживотна затворска казна и 27 години…

Тетовските основци се дрогираат и проституираат, да…

Во тетовските училишта се продава  и консумира…

Девојка прободена со нож пронајдена на улица…

Три лица се лишени од слобода откако…

Полицијата фати битолчанка како нуди сексуални услуги…

Битолската полиција во неделата околу 21:30 часот…

Исчезна 18-годишна девојка од Тетово

Вчеравечер во 23 часот, 44-годишeн тетовец во…