Каде „исчезнуваат“ Непалците?
Ова прашање се почесто се поставува во јавноста откако во полициските станици низ држава беа пријавени десетици случаи на исчезнати Непалци.
Полициските билтени речиси секоја недела се преполни со пријави на исчезнати лица претежно од Непал од страна на македонски газди на фирми. Но, и покрај постојаните пријави за исчезнување, интересот за вработување на оваа категорија на лица не се намалува туку баш напротив е голем, а тоа го покажуваат бројките на АВРМ каде до сега се издадени околу 750 дозволи на работници од Непал споредбено со ланската година каде дозвола добиле 183 лица.
Она што не можат да го одговорат од МВР е каде ги снемува Непалците. Како што пишува „Призма“ насоките на „исчезнатите“ лица водат кон Грција. Во податоците до кои дошле од „Призма“ се вели дека македонска полиција има полни раце работа со Непалците посебно на јужната граница каде има наплив од овие лица. Само за 6 месеци биле спречени 30 лица од Непал илегално да ја преминат границата. Откако ќе бидат приведени при обид за нелегален излез од земјава, Непалците обично се изведуваат пред суд, и од нив се бара да ја напуштат државата. Ваков настан се случил во мај годинава, кога полицијата затекна 11 Непалци во обид за илегален премин на границата кон Грција.
Но има и такви што успеваат во нивната намера. Еден Непалец дури го има снимено целото негово патешествие со мобилен телефон. Вели дека дал илјадници евра за да премине во Грција. Границата ја поминал за 6 дена, го ограбиле но на крај успеал да стигне до саканата дестинација.
Во врска со оваа тема Скопје инфо се обрати до МВР со серија на прашања околу бројката на исчезнати Непалци и дали е пресретно некое бегство од нивна страна како и дали имаат индиција кон каде се упатени овие лица. Одговор добивме само за тоа дека кај нив има над 20 пријави за избегани лица од Непал.
„Во МВР има над 20 пријави за избегани лица од Непал кои се на работа низ државава меѓу кои: Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, во полициска станица пријавил дека 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале.
Во врска со овие настани МВР презема мерки и активности за расчистување на случаите и по нивното расчистување соодветно ќе ја известиме јавноста“ ни одговорија од МВР.
Процесот на носење на лица од Непал во Македонија воопшто не е едноставен. Само за авионска карта до тука се потребни над 1000 евра, а на тоа кога ќе се доде визата, документи, преводи, проценти кон агенциите за вработување сумата воопшто не е наивна. Може да се случи и работникот за кој се аплицира да не добие дозвола за работа во државава па парите што се дадени за него да отидат во бунар. Имало и случаи каде и кога ќе се заврши целатаа процедура работникот да се предомисли или да му избега на работодавачот веднаш штом стапне во Македонија.
Зоран Кочовски, кој долги години раководи со агенцијата за посредување при вработувањето „Коузон“, за „Призма“ вели дека сето ова води кон заклучок дека носењето на овие луѓе во Македонија „било оркестрирано и со единствена цел, заминување кон Европа“. Од „Призма“ посочуваат дека откако се расчуло дека Македонија сака да „увезе“работници од Непал или од азиските држави, македонската амбасада во Њу Делхи не може да постигне со работа. Напливот на нови барања за визи започнал со самиот старт на годинава. Оваа амбасада е единствено место за целиот јужноазиски регион, каде мора лично да се аплицира за македонската виза, па затоа посетители не се само жителите на Индија, туку и за оние од Непал, Пакистан, Бангладеш, Филипини, Шри Ланка…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан скопјанец со тупаници ја удурал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…