Каде сме ние… Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот – бродот се нарекува „Св. Свети Кирил и Методиј“

t

Првиот бугарски воен брод за научни истражувања „Св. Свети Кирил и Методиј“ денеска отплови од Варна кон Антарктикот. Свеченоста за неговото испраќање беше на Поморската станица, јави дописникот на МИА од Софија.

Предводник на 31-та бугарска експедиција на Антарктикот е проф. Христо Пимпирев. Нејзините учесници ќе спроведат серија проекти на островот Ливингстон, каде што се наоѓа бугарската база на Антарктикот. Меѓу нивните задачи ќе биде да го истражат дното околу островот и присуството на флора и фауна во нив.

Бугарските истражувачи ќе продолжат да ја истражуваат земјата за наоѓалишта на минерали. Капетан на бродот е Николај Данаилов, а екипажот го сочинуваат 26 лица, меѓу кои има и тројца кадети од Вишата поморска школа во Варна.

Патувањето ќе биде околу 130 дена, а 40 дена ќе бидат потребни за да се стигне до островот Ливингстон. Работата на експедицијата ќе ја следат тројца новинари од бугарските медиуми. Бродот „Св. Кирил и Методиј“ е во сопственост на конзорциум чии членови се Вишата поморска школа на Бугарија, Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и Бугарскиот антарктички институт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…