Објавено на:

Каде ќе паднат? Геомагнетна бура „уби“ 40 сателити на „Спејс-Екс“ кои ќе се урнат на разни локации низ светот

t

Вселенската компанија „Спејс-екс“ лансирала 49 сателити на 3 февруари. За жал, Земјата била погодена од геомагнетна бура што ја зголемила густината на атмосферата и предизвикала исфрлање на 40 од овие сателити од орбитата.

Според првичната анализа, геомагнетната бура ги спречила сателитите да излезат од безбедниот режим и да го започнат планираното движење низ орбитата. Како последица, 40 сателити ќе се вратат или веќе се вратиле во Земјината атмосфера, изјавиле од компанијата.

Од компанијата додаваат дека сателитите не се опасност за луѓето бидејќи биле дизајнирани за да се срушат на мали делови при влезот во атмосферата. Освен тоа, не постои ризик за судир со други сателити. Секој од сателитите тежи околу 270 килограми.

Геомагнетните бури се јавуваат кога Сонцето создава големи изливи на енергија од настани како сончеви одблесоци. Овие изливи може да создадат ветрови кои влијаат врз магнетното поле и атмосферата на Земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американски генерал: САД треба да ја контролираат…

Генерал-полковник на Маринскиот корпус на војската на…

МИОА: Македонија доби место во Вселената

Македонија денеска ги потпиша финалните акти за…

Спејс Икс лансираше десетици минисателити во орбита…

Мисијата Транспортер9 е деветти специјален лет на…

Страшна бура ја зафати Европа: Загинати во…

Бурата „Киаран“ предизвика природни катастрофи низ Европа.…

Путин: Во иднина статусот на една држава…

Високиот статус на една земја на светската…