Објавено на:

Кадиров: Вие можете да си ги сакате ЛГБТ ама не ни ги наметнувајте на нас

t

Шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров, зборуваше за она што тој го гледа на вистинските цели на руската специјална воена операција во Украина.


„И уште еднаш за Донбас и нашите вистински цели во спроведувањето на цпецијалната операција. Ние се бориме не само за ослободување на цивилите од долгогодишното нацистичко самоволие. Ние се бориме за иднината на нашата земја – Русија, за нашите традиции, идентитет, за духовните морални вредности, за религијата, за триумфот на правдата“, напиша Кадиров на својот канал на Телеграм.

Тој потсети дека во Русија долги години „велеа дека нема потреба да се закануваат и да се шетаат долж руските граници со силите на НАТО“, „резервирано, но разбирливо повторуваа“ дека не е неопходно да се измачува и истребува рускојазичното население на Донбас и дека „Крим е наш“.

„На крајот на краиштата, ако тврдоглаво повторувавме дека можете, колку сакате, да ги негувате и да ги посакувате вашите безлични ЛГБТ маси, но не ни го наметнувајте тоа, тоа само значеше дека тоа нема да го дозволиме во нашата земја. Ние не го разбираме и не го прифаќаме ова, но и тука беа воведени санкции против Русија, едноставно заради отфрлање на ЛГБТ вредностите“, додаде Кадиров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турски суд праќа 16 лица во притвор…

Турски суд нареди притвор на 16 лица…

„Сите нека знаат“: ЛГБТ-заедницата бара видливост, достоинство…

Под мотото „Сите нека знаат“, денеска во…

Почна Рамазанскиот пост за верниците од исламска…

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го…

Десетици илјади луѓе учествуваа на Парадата на…

Организаторите очекуваа рекордна посетеност, и покрај полициската…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…