Објавено на:

Кадиров го одликува синот(15) за „Херој на Чеченската Република“

t

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го одликува својот 15-годишен син Адам со титулата Херој на Чеченската Република.

– Со големо задоволство му честитам на мојот драг внук Адам Рамзанович Кадиров за доделувањето на највисоката титула на Чеченската Република Херој на Чеченската Република, изјави Адам Делимханов, член на руската Државна дума и десна рака на Кадиров.

Според Делимханов, Адам Кадиров е „пример за исклучително добро образована, добро развиена и решителна млада личност“ и ги истакна неговите достигнувања во боречките вештини и стрелаштвото.

Херојот на Чеченската Република е највисоката државна награда во Чеченија, а указите за доделување ги потпишува шефот на Републиката, што всушност значи дека Рамзан Кадиров му ја доделил титулата на својот малолетен син.

Рамзан Кадиров прво потпиша указ за доделување на медал на самиот себе. Чеченскиот лидер неодамна објави видео на кое неговиот син Адам брутално тепа 19-годишен затвореник, кој беше уапсен во мај за јавно палење на Куранот во Волгоград, а потоа беше префрлен во затвор во Чеченија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…