Кадиров до Израелците: Размислете пред да ја направите најфаталната грешка во историјата
Ченченскиот лидер Рамзан Кадиров го повика Израел да ја запре ескалацијата на конфликтот со Палестина и да размисли двапати пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат.
„Ако израелскиот режим мисли дека Палестина е сама и дека можат да прават што сакаат со неа, тие се во сериозна грешка“, рече Кадиров во објавата на неговиот канал Телеграм.
„Не ги провоцирајте луѓето. Немојте да се потсмевате и да ги поттикнувате муслиманите ширум светот да се одмаздат. Тоа ќе ве чини илјада пати повеќе од потенцијалната добивка на која се надевавте. Размислете пред да направите една од најголемите и најфатални грешки во вашата историја“, додаде тој, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.
Според него, Израел си дозволува премногу и „се заканува да избрише цел народ од мапата“. Претходно, чеченскиот лидер му замери на Западот за двојни стандарди во арапско-израелскиот конфликт.
Тој смета дека ситуацијата на Блискиот Исток би била поинаква доколку другите шефови на држави, по примерот на рускиот претседател Владимир Путин, ја почитуваат религијата и ја штитат од напади. Тој е убеден дека тогаш конфликтот би бил избегнат.
Извор: Индекс.хр
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…