Објавено на:

Кадиров: Трамп нема решение што би ѝ одговарало на Русија

t

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров верува дека американскиот претседател Доналд Трамп нема решение за украинското прашање што би ѝ одговарало на Русија.

„Што се однесува до Трамп, не мислам дека има какво било јасно мислење или дури ни решение што би ѝ одговарало на Русија. Со западната поддршка во форма на оружје, Украина ги уништи нашите градови и региони, многу цивили ги дадоа своите животи“, изјави Кадиров за „Спутник“.

Тој додаде дека верува оти американскиот претседател е долгогодишен обожавател на рускиот претседател Владимир Путин, кој под изговор на преговори, едноставно сакал да се сретне со рускиот лидер. „Општо земено, верувам дека Трамп е долгогодишен обожавател и почитувач на Владимир Владимирович, кој во моментов е единствениот светски лидер во вистинска смисла на зборот. Шефовите на другите држави сонуваат да се сретнат со него.

Трамп, под изговор на преговори, едноставно сакал да се сретне со него (Путин), користејќи ја својата службена позиција“, рече Кадиров. Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се состанаа на 15 август во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ, Алјаска. Двајцата лидери позитивно ја оценија средбата. По самитот, рускиот претседател изјави дека е можно да се постигне крај на конфликтот во Украина и нагласи дека Русија е заинтересирана за долгорочно решение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…