Каевски повтори: Кога ќе се врати во Македонија, Груевски ќе оди во затвор
„СДСМ како партија е единствена што непосредно бира лидер и тоа ја покажува нејзината големина. Кога ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрепартиски проблеми и расколи партијата е склона да вели дека има тајни средби и средби преку поредници со СДСМ. Тоа е дефокус. Во ДПМНЕ нема кохезија по многу прашања. Тие се бројат и пребројуваат и меѓусебно се жигосуваат. Јас не ги бројам пратениците кој кого поставил. Има структури во ДПМНЕ кои се проевропски настроени и велат дека насоката во која се движи сега раководството на опозицијата не е добра“.
Ова вечерва во емисија на ТВ24 го изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
„Јас кажав дека ниту сме имале, ниту ќе имаме контакт со Никола Груевски. Груевски кога ќе стапне во државата ќе треба да одлежи затвор по правосилни судски пресуди. За нас главен фокус е дека оваа година е година на уставни измени за продолжување на европскиот пат“ рече Каевски и додава дека и Заев демантирал дека имало вакви средби.
Пратеникот посочи дека треба во една коалиција да се разговара, како што се разговараше и за измените на Кривичниот законик и за Законот за амнестија.
„Целта е да се донесе добро решение. Владејачкото мнозинство е стабилно и реакциите на министерот Лога и најавата за негова оставка се во контекст на оваа дебата“ смета Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…
ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…