Кажал „бомба“ и го запрел летот: Драма во авион на „Ер Србија“
Драма се случила во авион на „Ер Србија“ на аеродромот во Сплит, откако еден од патниците непосредно пред полетувањето го спомнал зборот „бомба“.
Летот за Белград бил закажан за 15:20 часот, а авионот веќе се подготвувал за полетување кога на пистата пристигнало полициско возило.
Според сведоштво на патникот Винко Паиќ, во авионот влегле неколку полицајци, кои извеле маж со седа коса што седел во предниот дел од кабината.
Кога еден од патниците ја прашал стјуардесата што се случува, таа кратко одговорила дека приведениот го спомнал зборот „бомба“.
Набргу потоа пилотот ги известил патниците дека сите мора да го напуштат авионот за да биде извршена безбедносна проверка.
Полицијата го привела патникот, а останатите лица биле евакуирани од авионот додека траела проверката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кажал „бомба“ и го запрел летот: Драма…
Драма се случила во авион на „Ер…
Ноќен хаос во Битола: Четворица приведени, нападнат…
Четворица битолчани биле приведени рано утринава по…
Ова се 30-те најдобри градови во светот…
Њујорк, Лондон и Париз се најдоа на…
(Видео) Магија на Јокиќ: Асистенција зад грб…
Во НБА лигата во тек се подготвителните…
(Видео) Најнеобичниот изборен инцидент: Граѓаните се „бореа“…
Необична сцена го одбележа изборниот ден во…