Казна од 50 евра за непрописно паркирање на јавни и зелени површини во Центар
Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд.
„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…
Општина Центар ја заврши првата фаза од…
Низ Центар се поставуваат паметни апарати за…
Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и…
Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени…
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на…
Вонредна седница за свлечиштето на Водно бара…
Советничката група на Левица во Општина Центар…
80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар
Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од…