Казна од 50 евра за непрописно паркирање на јавни и зелени површини во Центар

t

Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.

На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар.

Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.

По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…

51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…

И оваа учебна година Општина Центар продолжува…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

За паркинг на второ возило во Центар…

Во услови кога бројот на возила во…