Казни за 246 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 20 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се 12 мерки за користење на мобилен телефон, 56 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 24 санкции за возење под дејство на алкохол, пет санкции за некористење сигурносен појас…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…