Казни и до 26.000 евра за хрватските трговци кои неоправдано ги зголемиле цените
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека ќе бидат изречени казни за трговците кои одбиваат да ги вратат старите цени што неоправдано ги покачија при претворањето од куни во евра по влезот на земјата во еврозоната на 1 јануари.
На седница на Владата, Пленковиќ изјави дека тоа се однесува на оние кои неоправдано ги покачиле цените при транзицијата кон еврото, со што ја намалиле куповната моќ на граѓаните и ѝ наштетиле на стопанството, зголемувајќи ја и онака високата инфлација.
Надлежните институции ќе ја зајакнат контролата врз цените, рече и премиерот и ги повика граѓаните да продолжат да ги пријавуваат оние што ја прекршуваат владината одлука за враќање на цените на нивоа до 31 декември 2022 година.
Пленковиќ нагласи дека покрај казните, може да се укинат и субвенциите за производителите на енергија.
„Во време на криза, важна е солидарноста и одговорноста и ставот кој не е нужно насочен кон профит“, истакна тој.
Инспекторите досега извршиле речиси 700 контроли, а од 1 јануари во 178 случаи констатирале неоправдано поскапување.
Просечното поскапување во продавниците е до 13%. Најголем раст има во услужниот сектор, а потоа во трговијата на мало, особено пекарските производи кои поскапеле за 15%, но некаде има и раст од 30%.
Во продавниците, повеќе од 70 отсто од субјектите ги враќале цените од пред воведувањето на еврото. За услугите за фризерство и нега на тело цените се зголемени во просек за 20%, а во некои случаи и за 50%.
Висината на казните варира од 1.000 до 26.000 евра.
Во Хрватска од 1 јануари официјална валута е еврото, а куната може да се користи до недела, 15 јануари. До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе може да се менуваат за евра по фиксна стапка од 7,5340 во пошти, деловни банки и филијали на Фина, а од 2024 година само во Хрватската народна банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…
Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…
Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…