Казни од 2,2 милиони евра за компании поради лажни попусти
Преку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти да ги доведат во заблуда потрошувачите, а за пет од нив се изречени казни од вкупно 2,2 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од надлежното Министерство соопштија дека еден од нивните главни приоритети е „поддршката на здравото претприемништво, правилното функционирање на пазарот преку слободна конкуренција и заштита на потрошувачите“.
Дополнително, согласно предвиденото во соодветните закони, објавени се и имињата на конкретните фирми, во случај кога поединечната казна е над 50.000 евра.
Казните за јавно објавените пет компании се од 55.000 до 500.000 евра, а за останатите девет потребно е да заврши процесот на нивно известување, а потоа ќе бидат објавени нивните податоци.
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека во пресрет на „Black Friday“ биле спроведени дополнителни проверки за заштита на потрошувачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…