Какво понижување од ЕУ: Фон Дер Лајен ќе присуствува во четврток, ќе следи кој ќе гласа за бугаризација на Македонија

t

Во четврток, на 14 јули, пратениците во македонското Собрание ќе расправаат за владината Информација за францускиот предлог за укинување на бугарското вето и продолжување на преговарачкиот процес за добивање кандидатски статус за членство во ЕУ.

Седницата е закажана за во 13 часот, а пратениците биле информирани попладнево преку СМС-порака.

Според тоа што е објавено на собраниската веб-страница, на 80. седница на Собранието треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменик

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот,…

Три активни пожари и четири под контрола,…

На ден 25/26.08.2026 година, до 07:30 часот,…

Денес сончево и топло до 37 степени,…

Денес времето ќе биде сончево и топло,…

Трамп ги стопираше термините за визи од…

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, привремено…

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…