Каква TPAГЕДИЈА: Мајката на Јелена која загина во сообраќајна несреќа уби човек пред МНТ

t

Инфомакс дознава дека зад воланот во кобната сообраќајна несреќа пред МНТ се наоѓаал мајката на девојка која пред неколку години загина во сообраќајна несреќа прегазена од несовесн возач.

Со возилот марка БМВ Х6 управувал член од семејството Филиповиќ поточно мајката на починатата Јелена.

На 14 јануари 2020, во 01:26 часот на железнички премин кај Миладиновци во насока на с. Бујковци, скопско, се случи тешка сообраќајна несреќа со смртни последици по 17 годишната Јелена Филиповиќ од Куманово.

Кумановецот Никола Стефановски (21) призна дека е виновен за сообраќајната несреќа во која загина 17-годишната Јелена Филиповиќ, случај кој предизвика многу внимание во јавноста откако нејзините родители обвинуваа дека таа е убиена, а беше осквернавен и нејзиниот гроб.

Загинатата девојка беше дел од кампањата „Спаси нечиј живот“, а билборд со нејзина фотографија и порака „Возев пијан и дрогиран… ја убив Јелена“ го имаше на повеќе места во родното Куманово, но и во Скопје.

Семејството обвинуваше и тврдеше дека при увидот по сообраќајната несреќа се направени повеќе грешки и сметаа дека нивната ќерка била убиена откако со тешки повреди ја преживеала сообраќајната несреќа. Обвинителството немаше такви докази и поднесе обвинение против возачот.

Се шпекулираше дека Драган Филиповиќ нејзиниот татко наводно поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица, но истовремено во повеќе наврати им се заканувал со огнено оружје да го извршат кривичното дело.

Попладнево Инфомакс објави дека е прегазено лице денеска пред мостот „Гоце Делчев“ во близина на МНТ. Во него удрило возило „БМВ Х6“со кумановски регистарски таблички.

Информациите велат дека лицето починало на лице место по ударот. Екипити на брзата помош пристигнале на местото на настанот, но не можеле да сторат ништо за да го спасат неговиот живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас: Девојче силувано во струмичко, монструмот е…

На 25.04.2024 во Полициската станица Струмица, во…

Итна евакуација на две болници во Киев…

Градската државна на Киев извести дека итно…

Исчезна малолетничка од Петровец, братот се сомнева…

Малолетничка се оддалечила од домот во Петровец,…

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…