Каква пожртвуваност, две мајки ќе донираат бубрези за нивните деца да имаат нормален живот – се собираат донации

t

Велат дека љубовта на мајката кон своето дете не може да биде опишана. Таков е случајот со Филип кој е првото дете во Македонија со трансплантација на бубрег на детска хирургија.

Првата трансплантација во 2009 поминува успешно и бубрегот има нормална функција се до 2018, од тогаш наваму е на дијализен програм, и тоа три пати неделно, со сериозни нарушувања на коските, зглобовите и васкуларни проблеми кои во еден момент кулуминираат со сепса и коматозна состојба.

Обезбеден е донор на бубрег, а тоа е мајката на Филип. Таа ќе го донирара својот бубрег за друго дете, а мајката на тоа дете ќе донира за Филип (Вкрстена Ретрансплантација и Плазмофереза на Бубрег). Со ваквата пожртвуваност на двете мајки не само што ќе му се помогне на Филип туку ќе му се помогне и на уште едно друго детенце кое има 8 години чија мајка е донор на бубрегот за Филип.

Затоа преку првата крауфандинг платформа во Македонија ECrowd е упатен повик за собирање на донации каде се бара од народот во Македонија по кој знае кој пат да ја покаже својата хуманост и да им помогне на овие две семејства да се исправат пред предизвикот кој ги чека во следниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…