Какви преваранти: На повлечениот бугарски амбасадор му бил завршен мандатот во Скопје

t

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера спектакуларно објави дека го повлекува бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, во знак на протест за претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков и поради непочитување на правата на Бугарите во земјава.

А всушност, како што стојат работите, амбасадорот Ангелов секако требало да си оди од земјава затоа што веќе му биле изминати 4 години од неговиот мандат во Македонија.

Ангел Ангелов како новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Македонија ги предал копиите од акредитивните писма на 7 декември 2018 година што значи дека тој веќе петта година ја вршел функцијата бугарски амбасадор во Скопје, а мандатот на бугарските амбасадори во светот трае 4 години.

Ангелов во Скопје е заменет од вршител на должност кој има слични ингеренции како и именуван амбасадор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агим Красниќи уапсен во Косово

Косовската полиција уапсила четворица македонски државјани, меѓу…

Хорор во Бразил: Најмалку 66 загинати и…

Најмалку 66 лица загинаа, а 101 се…

Антикорупциска: Формирани се 45 предмети поврзани со…

Од распишувањето на изборите, Антикорупциска има формирано…

„Затворањето во Израел е криминален чин што…

Иронично, додека светот го прославуваше Светскиот ден…

Драма во Кавадарци: Тинејџер нападнал полицаец кој…

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против…