Објавено на:

Какви санкции? Богатите Руси се уште побогати: Богатството им се зголемило за 10,4 милијарди долари

t

Владимир Потанин, сопственик на рударскиот гигант Норилск Никел, води на рангирањето како најбогат руски бизнисмен, чие богатство се проценува на 28,5 милиони долари.

На второто место е Леонид Микелсон, косопственик на вториот по големина руски производител на природен гас Новатек. Заработил 516 милиони долари и го зголемил своето богатство на 25,1 милијарди долари.

Мнозинскиот акционер на руската компанија за челик НЛМК, Владимир Лисин, е третиот најбогат руски бизнисмен. Тој заработил 905 милиони долари од годишно ниво и го зголемил своето богатство на 20,8 милијарди долари.

По Лисин следи Алексеј Мордашов, претседателот на гигантот Северстал, чие богатство се зголеми за 1,54 милијарди долари на вкупно 20,2 милијарди.

Петти е косопственикот на мобилниот оператор Мегафон, Алишер Усманов, кој во изминатите два месеци заработил 738 милиони долари, по што неговото богатство е 19,2 милијарди долари.

На листата е и Вагит Алексперов, поранешниот прв човек на Лукоил, кој заработил најмногу од почетокот на годината, поточно 2,43 милијарди долари, така што неговото богатство сега изнесува 17,8 милијарди долари.

Индексот на милијардери на Bloomberg е рангирање на 500 најбогати луѓе во светот, а во него се вброени 22 Руси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фаучи си заминува од владата во САД…

Поранешниот директор на Институтот за алергии и…

Најнови анкети: Работата на Путин ја одобруваат…

Мнозинството Руси (75 отсто) му веруваат на…

Зеленски воведе санкции за 650 Руси, меѓу…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес потпиша…

Какви санкции? Богатите Руси се уште побогати:…

Владимир Потанин, сопственик на рударскиот гигант Норилск…

Европска дискриминација: Литванија им забрани на Русите…

На Русите и на Белорусите во Литванија…