Какво расипништво: Владата и претседателот за време на најголемата криза и инфлација ќе трошат 50 илјади евра за цвеќиња – најевтиниот буќет чини над 2 илјади денари
Граѓаните на Република Македонија ќе ги чини неверојатни 47.757 евра само еден договор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Се работи за договор за набавка на свежо цвеќе.
За „освежување“ на државните институции ќе бидат потрошени 2,9 милиони денари буџетски средства, а цвеќињата ќе завршат во Владата и во претседателската вила на Водно за спроведување на државни протоколи.
Фирмата која го добила тендерот е „Триста-Груп“ ДООЕЛ Скопје, а најефтиниот букет чини 2.100 денари додека најскапиот букет ќе ги чини граѓаните 5.900 денари.
Она што е интересно е што истата компанија веќе трета година по ред го добива тендерот.
Ова не е првпат Владата да склучува договор со истата компанија за цветни аранжмани. Во 2020 година вредноста на договорот изнесувал 47.889 евра, додека во 2019 година биле склучени два договора. Првиот на 28 мај, во вредност од 46.900 евра, а вториот на 17 јуни за одржување и регулирање на зелените површини во Владата и други објекти, во вредност од 12.717 евра.
Претходно за одржување на зелените површини Владата требаше да и плати на истоимената компанија 783 000 евра. Според објавата на Електронскиот систем за Јавни набавки склучен е договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Триста-груп“ ДООЕЛ Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сојуз на борци од Тетово: Не смее…
Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…
Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…
Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…
Туск: Русија подготвува ескалација во Украина и…
Полскиот премиер Доналд Туск денес во Олстин…
Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Уапсен 76 годишен дедо: Бил агресивен кон…
На 28.08.2026 во 00:30 часот во Струмица,…