Објавено на:

Каков имунитет? Шефот на руската Дума ги повика пратениците да војуваат!

t

Претседателот на руската Државна Дума, Вјачеслав Володин ги повика пратениците на Државната дума да учествуваат во војната во Украина по наредбата за делумна мобилизација.

– Оние кои ги исполнуваат условите за делумна мобилизација треба да помогнат со нивното учество во специјалната воена операција, објави денеска шефот на Думата на својот канал на Телеграм, пренесува ДПА.

– Нема заштита за пратениците, нагласи тој.

По повикот на Путин за делумна мобилизација на 300.000 граѓани, во јавноста се појавија низа ставови дека пратениците ќе бидат заштитени и изземени од ваквата одлука.

Шефот на парламентот реагираше на ставот, кој не е невообичаен во парламентарните кругови, дека повикот на Путин за национална одбрана не важи за нив.

Еден пратеник, на пример, рече дека тој е потребен во земјата. Во исто време, Володин го пофали фактот дека има парламентарци кои веќе се распоредени во окупираниот регион Донбас во источна Украина. Според него, повикани се само резервисти со борбено искуство и специјална воена обука.

Соработникот на Путин, исто така, призна дека „се појавуваат прашања што ги загрижуваат (руските) граѓани” по уличните протести и извештаите за масовниот егзодус на млади Руси од земјата. Володин рече дека руските трупи во Украина денеска се борат и со „силите на НАТО”.

– Во Украина има обучувачи на НАТО, платеници од земјите на НАТО, технологија на НАТО, оружје и муниција. Има 1.000 километри линија на фронтот за одбрана, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…