Каков шок во Мелбурн: Испадна и Медведев без освоен сет!
Првиот гренслем Австралија опен годинава излезе проклет за фаворитите, па после елиминациите на Надал, Зверев, Руд, Фриц, Беретини…, испадна уште еден кој конкурираше и за трофеј – двојниот финалист Данил Медведев.
Медведев денеска загуби без освоен сет, во три сета од Американецот Себастијан Корда, кој со сервис-волеј го разби Русинот, победувајќи го со 7-6, 6-3, 7-6.
Русинот беше втор фаворит за трофејот, но синот на легендарниот Петр Корда тотално го надигра, а му најави дека ова е негов ден уште по водството со 4-1 во првиот сет, но Медведев успеа да се врати во сетот со многу брејкови, но на крај да потклекне во тај-брејкот кој го загуби со 7-9.
И потоа Корда заигра уште подобро, па многу полесно со 6-3 го доби и вториот сет за да направи исчекор кон победата, за во завршниот сценарио како во првиот. Корда поведе со 4-2, Медведев се врати и кога сите помислија дека ќе остане во живот, во тај-брејкот повторно Американецот подобар за конечен триумф.
Хуберт Хуркач ќе му биде противник на Корда за пласман во четвртфиналето, откако Хуркач претходно го елиминираше Денис Шаповалов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…