Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

t

Домашниот леб печен во тенџере стана сè попопуларен на социјалните мрежи, а иако изгледа комплицирано за правење, всушност не бара посебни вештини за подготовка.

Она по кое се разликува од обичниот леб е крцкавата кора.

Потребни состојки:

500-600 грама брашно

една кафена лажичка прашок за печиво

една кафена лажичка сол

три мали лажички сув квасец

една кафена лажичка брашно

една кафена лажичка шеќер

100 милилитри млака вода за квасецот

200 милилитри вода за печење на лебот

Подготовка:

Во 100 милилитри млака вода измешајте квасец, шеќер и една лажичка брашно и оставете го настрана малку. За тоа време измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Додадете ја смесата од квасецот во садот со брашно и нежно замесете. По потреба додадете уште млака вода.

Кога ќе го замесите тестото, оставете го на топло место два часа, па замесете го и обликувајте го во топка. Ставете лиено или метално тенџере со капак да се загрее во рерна на 220 степени Целзиусови околу 15 минути.

Внимателно префрлете го лебот во загреаното тенџере и поклопете го. Продолжете да го печете лебот на иста температура околу 30 минути, извадете го капакот и печете уште 10 минути додека не добие крцкава кора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ескалираа протестите во Тирана: Демонстранти фрлаа камења,…

Масовните антивладини протести во албанската престолнина денеска…

„Италија надвор од војната“: Стотици демонстранти маршираат…

Протестен марш под слоганот „Италија надвор од…

Рама порача дека Владата не се соборува…

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Владата…

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брвеница…