Објавено на:

Како да не е премиер Петков му се налути на Обвинителството: Во Бугарија нема независно судство!

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков го критикуваше ослободувањето од притвор на поранешниот премиер Бојко Борисов, велејќи дека во Бугарија нема независно обвинителство, јави бугарската новинска агенција БГНЕС. Борисов беше приведен поради сомневања за проневера на средства од ЕУ, а по неговото излегување тој изјави дека нема обвинение за него.

– Се прикриваат документи кои можат да доведат до обвинувања. Исто така се прикриваат и игнорираат информации за да се спречи правна истрага. Во Бугарија нема независно обвинителство. Обвинителството повторно се однесува како адвокат кога станува збор за лица обвинети за корупција – изјави Петков на синоќешниот вонреден брифинг во Советот на министри

Бугарското Обвинителство ги отфрли обвинувањата од Петков, портпаролка на Обвинителството, Десислава Петрова, изјави дека немало доволно докази за отворање истражна постапка, и дека тоа може да се промени, доколку се соберат повеќе докази.

Апсењето на Борисов се случи во рамките на опширна полициска акција, по наредба од Министерството за внатрешни работи. Според објавите во бугарските медиуми, акцијата не била договорена со Обвинителството поради „итност“. Борисов излезе од притвор по неполни 24 часа и изјави дека „апсењето било брутално и грозно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…