Како да учеле од Џаро: Во футсал едни победиле со 74, а други со 60 гола разлика!
Во македонската футсал лига за титулата се борат Арбен Бајрами и КФМ Проект, но во вчерашното коло се забележани навистина неверојатни победи од двете екипи со огромна гол-разлика.
Арбен Бајрами славеше против Јувентус Серава со 75-1, при што уште во првата минута биле постигнати четири гола и така бил направен првиот чекор кон убедливата победа против ривалот, а најдобар стрелец на мечот бил Назир Ељјеса со дури 25 гола.
КФМ Проект синоќа бил подобар од Енхалон со 62-2 и така запишал уште еден триумф во македонската футсал лига, додека најдобар стрелец на натпреварот бил Дарко Ранготов со 13 постигнати погодоци.
Колку за споредба, КФМ Проект во првиот меѓусебен дуел со Енхалон славел со 4-0, додека Арбен Бајрами го совладал Јувентус Серава со 11-5.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…